Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот фудбалер Енис Барди нема да биде дел од репрезентацијата за натпреварите против Лихтенштајн и Германија кои се играат на 8 и 11 октомври во рамки на квалификациите за Светското првенство во 2023 година.
Фудбалерот на Леванте уште има проблеми со повредата на задниот бутен мускул, а селекторот Благоја Милевски нема да повика замена за Барди.
Македонската репрезентација синоќа во хотел „Хилтон“ во Скопје го имаше првиот собир. Во репрезентативната база пристигаа Адис Јаховиќ, Стефан Ашковски, Висар Муслиу, Тихомир Костадинов, Дени Илиев, Стефан Спировски, Кире Ристевски, Дамјан Шишковски и Никола Ѓорѓев. Сите останати повикани за двата натпревари денеска ќе му се приклучат на тимот.
Првиот тренинг македонската репрезентација ќе го има денеска од 16:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.