Германија ќе игра без Ноер против Македонија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Голманот и капитен на Германија, Мануел Ноер нема да дојде во Скопје, каде што треба да се одигра натпреварот против Македонија во рамки на квалификациите за Светското првенство (СП).

Селекторот на Германија, Ханси Флик реши да го повика Даниел Хоер Фернандез како замена за Ноер, а овој чувар на мрежата доаѓа од екипата на Хамбург.

Ноер поради повреда го пропушти натпреварот против Романија, а очигледно нема да настапи ниту против Македонија, па затоа Флик ќе мора да смета на другите голмани.

Во конкуренција за мечот против Македонија ќе бидат Марк-Андре Тер Штеген и Бернд Лено.