Одлични вести за Арсенал, повредата на Кокелин воопшто не е страшна


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Важен фудбалер во екипата на Арсенал Францис Кокелин доживеа незгодна повреда во мечот меѓу Арсенал и Челси.

    Во големото дерби на Лондон, Колелин доживеа прилично тешка повда на коленото, барем така се чинеше на старт.

    Поради тоа што е еден од најважните фудбалери на дефицитарната позиција последен играч за врска, постоеше страв кај навивачите на Арсенал дека повредата можеше да се закомплицира, а Француцинот од теренот да отсуствува повеќе од пола година.

    Но, навивачите на Арсенал добија информација дека Кокелин ќе одмора “само“ дваесет дена, и дека се враќа на средината на октомври.

    Да потсетиме, Арсенал неочекувано лесно го совлада големиот ривал со резултат 3:0.