Роналдо постави нов рекорд и не мисли да запре!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Португалскиот фудбалер и играч на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо постави нов рекорд по број на настапи во европските натпреварувања.

Роналдо во дуелот против Аталанта (3-2) во Лигата на шампиони (ЛШ) настапи по 187. пат во кариерата во Европа, а рекордот го прослави со решавачкиот гол на мечот.

Во досегашните 187 натпревари Роналдо постигна 139 голови и 50 асистенции, а на второ место го остави поранешниот голман на Реал Мадрид и Порто, Икер Касиљас со 186 меча.

Роналдо тука не мисли да запре и сигурно ќе стигне до 200 настапи во европските натпреварувања, но тоа би можело да се случи следната сезона.