Македонија има светски шампион: Ѓорѓиев по четврти пат во кариерата е првак!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонија доби светски шампион по четврти пат во кикбокс, откако Димитар Ѓорѓиев го совлада Никола Дробњак со 3-0 во финалето на Светското првенство во Италија.

Ѓорѓиев се натпреваруваше во категоријата „лоу-кик“ до 81 килограм и ја потврди доминацијата. Босанецот не можеше да му се спротистави на македонскиот борец, кој славеше со 3-0 и така се закити со уште еден успех.

Македонскиот кикбоксер претходно ги совлада Дано, Даковиќ и Николов, а зад себе има и европско злато од 2018 година.