Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најголемата ѕвезда на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо беше херој во Лигата на шампиони (ЛШ) откако постигна гол за триумф од 3-2 против Аталанта.
Неколку дена по мечот се појавија детали од соблекувалната дека Португалецот ги нападнал неговите соиграчи во текот на полувремето.
Роналдо ги прашал неговите соиграчи како не им е срам поради пристапот во натпреварот пред своите навивачи, а верба во пресврт имал и Оле Гунар Солскјер, кој кажа дека очекувал победа доколку постигнеле брз гол за 1-2.
Јунајтед имаше лош старт на сезоната, а в недела ги очекува нов голем тест затоа што на „Олд Трафорд“ го чекаат Ливерпул.