Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен сака да ја продолжи кариерата во Ајакс, каде што мина еден дел од животот, но со месеци луѓето се скептични дека ќе му се врати на фудбалот по вградувањето на дефибрилатор, откако доживеа срцев удар на Европското првенство (ЕП).
Ериксен не може да игра во Италија, а Интер соопшти дека кариерата на Данецот не е готова, но ќе мора да го продаде затоа што не може да го регистрира за настапите во Серија А.
Екипата од Милано е подготвена да се раздели со Ериксен, односно нема да му прави проблем доколку стигне вистинска понуда за него.
„Поради тешката повреда која се случи во текот на ЕП, медицинските власти привремено го спречија играчот да се занимава со спорт оваа сезона. Условите во кои фудбалерот се наоѓа не ги исполнуваат правилата во Италија за да биде професионалец, но би можел да игра во други држави“, соопштија од Интер.