Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот фудбалер Елиф Елмас даде интервју за „Кис Кис“ во Неапол и кажа дека е задоволен со моменталната состојба во Наполи, кој по 11 кола има 10 победи и едно реми во Серија А.
Наполи игра одлично во италијанското првенство и во моментов е еден од главните кандидати за Скудетото, а македонскиот фудбалер добива голема минутажа кај тренерот Лучано Спалети, кој му верува на дијамантот.
Елмас доби прашање дали Наполи може да го освои Скудетото, по што тој кажа што мисли на таа тема.
„Сѐ уште е рано во моментов да зборуваме за Скудетото. Имаме голема конкуренција од Милан и Интер и мислам дека до последно коло ќе се води голема битка. Не треба да мислиме на Скудетото, туку треба да мислиме само на победи“, вели Елмас.