Браќата на Јокиќ биле подготвени да го здробат Батлер, кој му се закануваше на Србинот! 📸


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра одличен меч против Мајами хит и постигна трипл-дабл со 25 поени, 15 скокови и 10 асистенции, но беше исклучен откако го нокаутираше Морис.

Немања и Страхиња Јокиќ се браќата на српскиот кошаркар, кои беа снимени на трибините од страна на навивачите во текот на пресметката на теренот.

Ѕвездата на Мајами, Џими Батлер му се закануваше на Јокиќ и сакаше да се пресмета со Србинот, а во тој момент браќата на кошаркарот биле снимени како стојат подготвени на трибините за да влетаат во секој момент на паркетот, а потоа и да го здробат Американецот.