Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот селектор Благоја Милевски одржа прес-конференција пред натпреварот против Ерменија, кој ќе се одигра во Ереван.
Милевски кажа дека Македонија и Ерменија имаат идентични шанси за пласман на втората позиција и очекува тешка битка.
„Мислам дека и Ерменија и Македонија имаат еднакви шанси за тоа втора место. На двете екипи им треба победа и очекувам да гледаме еден добар натпревар. Натпреварот во Скопје помина во наша доминација, но за жал не реализиравме, сега очекуваме поинаков натпревар“, вели Милевски.
Македонија и во овој циклус има проблеми со повредите, но ниту поради тоа не се откажуваат фудбалерите од второто место.
„Секако дека повредите прават проблеми, но сите што се тука се спремни да одговорат на предизвикот. Можеби има влијание што констатно имаме проблеми, меѓутоа што е тука е. Ние сме во фаза на создавање на тим и сето ова е во функција на тоа. Нормално дека не се откажуваме, ќе се обидеме да ја искористиме секоја и најмала шанса за тоа второ место“, кажа селекторот.