Човекот кој создаде шампионски тим си оди од Ливерпул


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот гигант Ливерпул потврди дека ќе се раздели со спортскиот директор Мајкл Едвардс по 10 години соработка.

Овој 42-годишен директор си оди од тимот, а многумина веруваат дека е заслужен за создавање на шампионскиот тим во претходните години.

Едвардс од Ливерпул и навивачите се збогуваше со писмо во кое кажа дека со задоволство работел во екипата.

„Ми беше привилегија и чест да работам во овие успешни времиња за клубот. Секогаш ми беше план да останам најмногу 10 години во тимот. Ми беше убаво да работам тука, но верувам во промени. Мислам дека е вистинско време за такво нешто. Променивме многу работи во минатиот период“, вели Едвардс.