Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонската фудбалска репрезентација од 18.00 часот го игра претпоследниот натпревар во квалификациите за Светското првенство (СП) во Катар 2022 година, а со триумф ќе останеме во игра за баражот.
Само победа ќе нѐ остави во игра за пласман во баражот и во последното коло. Со објавувањето на составот кој е супер офанзивен потврдено е и дека овој натпревар ќе биде посебен за Енис Барди.
Во отсуство на Стефан Ристовски и Аријан Адеми, Енис Барди ќе ја има честа како капитен за првпат да ја предводи нашата селекција.
Сите посакуваме на ова капитенско деби да има убави сеќавања.
Фото: ФФМ