Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Марио Балотели минатото лето ги изненади сите со одлуката да ја продолжи кариерата во Турција, откако го напушти второлигашот Монца.
Овој 31-годишен напаѓач се обидува да се врати во старата форма, а најголем проблем му е неговото однесување.
Меѓутоа, очигледно Балотели овој пат решил да се смири затоа што очигледно е свесен дека ова му е последна шанса да се врати во дресот на Италија.
„Секогаш со Манчини сум имал одличен однос. Ми кажа детално што очекува од мене ако сака да се вратам во националниот тим и тоа ќе го направам. Ако ми се јави за да ме повика во репрезентацијата, веднаш би тргнал пешки од Турција“, вели Балотели.