Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед утре во 12 коло од Премиерлигата гостува кај Вотфорд во првиот меч во серијата натпревари кои Оле Гунар Солскјер ги има за да си ја спаси работата.
Навивачите бараат отказ за Солскјер и нов тренер, но раководството трпеливо чека да види дали Норвежанецот ќе ги поправи резултатите.
Јунајтед во моментов е на шестата позиција со девет бодови помалку од лидерот Челси, а во Лигата на шампиони не игра најдобро.
Во следните две недели Јунајтед игра против Вотфорд, Виљареал, а потоа кај Челси и Арсенал, па тоа е ептен тежок распоред за „црвените ѓаволи“, а ако не се поправи нешто, тогаш Солскјер ќе добие отказ.
Утрово Солскјер имал состанок со Хари Мегваер, Кристијано Роналдо, Бруно Фернандеш, Лук Шо, Виктор Линделоф и Немања Матиќ и сите заедно разговарале за тактиката на тимот.