Солскјер заминува со крената глава: Ќе излезам на предната врата…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Норвешкиот тренер Оле Гунар Солскјер заработи отказ откако во претходниот период имаше ужасни резултати со Манчестер јунајтед.

Солскјер успеа да го врати Јунајтед во живот, но во последно време екипата играше ужасно и на претходните пет меча загуби дури четири пати.

Норвежанецот испрати порака преку социјалните мрежи по заминувањето од екипата и кажа дека ќе го напушти клуб на предната врата затоа што го дал максимумот во периодот додека беше на кормилото.

„Заминувам на предна врата затоа што мислам дека сите во клубот знаат дека дадов сѐ. Овој клуб ми значи премногу и ние сме добар пар, но за жал не можевме да ги постигнеме посакуваните резултати“, кажа Солскјер.