Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оле Гунар Солскјер по три години се раздели со Манчестер јунајтед затоа што имаше ужасни резултати со премиерлигашот во претходните натпревари.
Солскјер доби засилувања летово кои требаше да му помогнат да се бори за титулата во Премиерлигата, но „црвените ѓаволи“ се далеку од таа позиција и затоа отказот беше неизбежен.
Норвежанецот го даде и последното интервју за клупскиот сајт, каде што беше емотивен и со солзи во очите се збогуваше од Јунајтед.
„Сите добро знаеме што значи за мене Манчестер јунајтед. Сакав да се бориме за трофеи и дадов максимум. За мене овој клуб е сѐ во животот. Ова е мојот дом, но не го постигнавме тоа што го сакавме, па затоа дојде време да се разделиме“, кажа Солскјер.
United. Always.
— Manchester United (@ManUtd) November 21, 2021
🔴⚪⚫#MUFC pic.twitter.com/H57iPf0KuZ