До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Антоан Гризман пропушти голема шанса да го реши победникот на Висенте Калдерон.
Водеше Атлетико со 1:0 против Баерн, а во 83 минута колосална шанса пропушти Гризман.
Тој ја имаше најдобрата шанса да ги дотолчи Баварците, кога ја презеде одговорноста за изведување на пенали!
Претходно Видал беше невнимателен, го сруши Фелипи Луис во казнетиот простор на својот тим.
Гризман ја зеде топката, ја намести топката и ја погоди пречката!
Да се потсетиме дека Гризман и во финалето на Лигата на шампионите одиграно во оваа година пропушти шанса за во регуларното време да ја затресе мрежата на Реал Мадрид со удар од белата точка. И тогаш „страдаше“ пречката.















