Роман го послуша Конте, двајца пречкрта, но постојат ли „зимски“ решенија?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Дилема повеќе нема, Антонио Конте го увери Роман Абрамович дека ќе мора да го послуша и засили одбранбениот бедем.

    Италијанскиот стручнак може да направи добар резултат, но неговиот фудбал да функционира, потребно му е црвста, стабилна и квалитетна одбрана.

    Роман Абрамович на стартот на оваа сезона истотака се увери во тоа, мечот со Арсенал ја прелеа чашата, а Дејли меј денеска пишува дека рускиот милијардер е спремен да ја завлече раката во џетот колку што е потребно, доколку Конте гарантира резултат.

    Како што е веќе познато, први на удар се Гери Кејхил и Бранислав Ивановиќ кои лошото издание од минатата сезона го продолжија и во оваа година.

    Не е исклучено за Ивановиќ од наредниот меч да биде на клупата, а бекови да играат Аспиликуета и новајлијата Маркос Алонсо.

    Конте сака веќе на зима да ја засили одбраната, бидејќи никој не смее да дозволи за и втора година по ред да остане без ЛШ, но се поставува прашањето – колку на Челси ќе биде тешко да оствари такво нешто без оглед на парите?!

    Кои се опциите во јануарскиот преоден рок?

    Па, такви ги нема баш многу добри. Првата желба на Конте е Леонардо Бонучи, но Јуве не сака да преговара, можеби дури во наредното лето.

    Кулибали неодамна доби дупло подобар договор во Наполи, а тој истотака беше желба на Конте. Од останатите стопери кои евентуално може да ги напуштат своите клубови, тука е можеби Маркињос од Пари Сен Жермен, Рафаел Варан се спреме да го замени Пепе, а Реал нема да дозволи ниту едно заминување поради тоа што имаат забрана за доведување на играчи до наредната зима.

    Значи, Роман е спремен да издвои колку што е потребно, меѓутоа, и да понуди 100 милиони евра за тандемот дефанзивци, во јануарскиот преоден рок, опциите се мали.

    Засега, за Конте најдобра вест е дека капитенот Џон Тери се опорави од повредата и дека се враќа во составот, меѓутоа, капитенот има 35 години и не е долгорочно решение ниту може сам да игра во целата сезона,.

    Во секој случај, пред Челси и Конте е тешка сезона и уште потежок зимски преоден рок.