Билиќ најде решение во поранешниот играч на Милан!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Вест Хем е во голема криза, посебно „чкрипи“ во одбраната кај Чеканите.

    Пулените на Билиќ врзаа три порази по ред, овој пат подобри од нив беа “Сејнтси“ и тоа со убедливо 3:0.

    За работата да биде полоша, мечот е одигран на Олимпискиот стадион, домашен терен на Вест Хем, а трибините беа преполни со нивни приврзаници.

    Играчите демонстрираа, пред Билиќ е можеби и најголемиот предизвик во досегашната кариера.

    Евидентно е дека најголем проблем има во последната линија на тимот, речиси на секој меч беше принуден да направи по една промена во тој дел, а повредата на Масуаку го натера против Саутемптон како лев бек да го стави Арбелоа, додека на улога десен бек беше Хаваерд Нодртвајт.

    Таа комбинација не вроди со плод, кога Адријан капитулираше во три наврати, а да немаше неколку квалитетни интервенции, можеше да биде и полошо.

    Значи, назад е најголемиот проблем, а на  хрватскиот стратег најмногу му недостасува играч позади левата аут линија, како што се Ерон Кресвел и Арон Масуаку кои се надвор од тимот поради повреда.

    Решение може да биде поранешниот играч на Милан, Кевин Констант.

    Тој моментално нема клуб, а се шушка дека неодамна е понуден на Вест Хем. Тренира со Ница, можеби да биде на Азурниот брег да се избори за договор но тој ја цели Премиер лигата.

    Последниот клуб му беше Болоња, но после шестмесечната епизода во нивните редови, не се избори за продолжување на соработката.