Немили сцени: Хулигани шутираа англиски полицаец! 🎥


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Легија вчера играше меч во Лига Европа против Лестер, а повторно во центар на внимание беа навивачите од Полска.

Полјаците прво запалија факели, а потоа тргнаа во физичка пресметка со полицијата на трибините, па според информациите од Англија, повеќе од 100 хулигани учествуваа во тепачката.

Лестер славеше со 3-1 и се наоѓа на врвот на групата со осум бодови, додека по седум имаат Спартак и Наполи, а шест има Легија.

„Лисиците“ во последното коло играат против Наполи, додека Легија ќе ги пречека Русите и ќе имаат шанси со победа да играат во плејофот во Лига Европа.