Кирјос за Ѓоковиќ: Ми се допаѓа како тенисер, но не би пиел пиво со него!

Контроверзниот австралиски тенисер со грчко потекло Ник Кирјос повторно даде коментар за Србинот Новак Ѓоковиќ.

Кирјос зборуваше за инцидентот со поранешната девојка Кјара Пасари, лошиот однос со семејството и на крајот за првиот тенисер во светот.

Австралиецот кажа дека нема ништо против Ѓоковиќ, иако многу пати го критикувал, но не добил повратна реакција.

„Искрено, немам ништо против него. Тој е одличен тенисер. Дали би пиел пиво со него? Најверојатно не, но тоа не значи дека не ми се допаѓа ако тенисер“, кажа Кирјос.