Скандал: Јувентус под истрага поради измама, Милан и Интер се спасија од ист случај!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанската Серија А го крена квалитетот во последните години, но исто така може да се каже дека е синоним за скандали, а последниот беше забележан во петокот и се однесува на Јувентус, откако истражувачите влегоа во просториите на тимот и направија претрес.

Шест лица во Јувентус се обвинети за лажирање на податоци во финансиските извештаи, а тоа се претседателот Андреа Ањели, потпретседателот Павел Недвед, поранешниот спортски директор Фабио Паратичи и уште трии лица.

Тие се обвинети дека лажирале документи за добивката во сезоната 2018/19, 2019/20 и 2020/21, па се шпекулира дека измамата е тешка 50 милиони евра.

Интересно е тоа што идентичен случај во Италија беше забележан во 2008 година, но тогаш Милан и Интер се спасија.