Витсел враќа со иста мерка: Не му дозволија да оди, сега игра очајно

    Зенит во последните часови на летниот преоден рок го стопира трансферот на Аксел Витсел во Јувентус.

    Белгискиот играч ги дововори сите детали со Јувентус.  Отпатува во Торино и во хотелска соба ги чекаше лекарските прегледи и потпис со Јувентус, меѓутоа на крајот следеше повик дека Зенит не пронајде замена и дека трансферот е стопиран.

    Витсел бденеска е бесен и според зборовите на поранешниот фудбалер на Зенит Јури Зелудков игра далеку под новото на почетокот на новата сезона во Русија.

    „Тие не го продадоа во Јувентус и сега игра катастрофално. Тој излегува на терен, ја вклучува штоперицата и ја чека Нова година со цел да може да замине. Само погледнете како игра. Не знам зошто го форсираат“, рече Зелудков и додаде:

    Нека Бог му помогне. Се гледа дека не е среќен во Зенит, па нека оди каде му е вољата“, додаде тој.

    Дека Витсел ќе ги обнови преговорите со Јувентус потврдува и тоа што неодамна изјави дека торинскиот клуб е негова иднина.