Сиригу побарал помош од Пандев: Го прашував за Македонија, ама не ми кажа ништо!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италија ќе се соочи против Македонија во полуфиналето на баражот за пласман на Светското првенство (СП) во Катар.

Голманот на Џенова, Салваторе Сиригу му е соиграч на поранешниот македонски репрезентативец Горан Пандев, па тој се пошегува на новинарско прашање.

„Македонија ќе биде голем предизвик за Италија. Јас разговарав со Пандев, но не сакаше да ми помогне и не ми кажа ништо“, се пошегува Сиригу на прашањето.

Подобриот од натпреварот меѓу Италија и Македонија ќе игра во финалето на баражот против поуспешниот од пресметката меѓу Португалија и Турција.