Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед потврди дека Ралф Рангник ќе им биде тренер до крајот на сезоната, откако претходно Оле Гунар Солскјер заработи отказ поради дебаклот против Вотфорд (1-4).
Како привремено решение е поставен Мајкл Керик, кој славеше против Виљареал со 2-0, а во дербито против Челси одигра 1-1.
Рангник нема да го води Јунајтед ниту на дербито против Арсенал, па така Керик ќе ја преземе одговорноста во уште едно дерби.
Иако Германецот уште не дебитираше на клупата на „ѓаволите“, сепак англиските медиуми веќе ја знаат неговата замена.
Станува збор за италијанскиот селектор Роберто Манчини, а тој ќе пристигне во Манчестер доколку не се пласира на Светското првенство (СП) во Катар.
Италија во полуфиналето на баражот за СП игра против Македонија, а ако победи ќе игра против подобриот од мечот меѓу Португалија и Турција.