На Конте таман му тргна и веднаш – проблеми: Тотенхем има пола екипа заразена со корона!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Неколку фудбалери и членови на стручниот штаб на Тотенхем се заразени со коронавирус и во следниот перод ќе се наоѓаат во карантин.

„Скај Спорт“ објави дека шест фудбалери од првиот тим се заразени, како и два члена од стручниот штаб, а во следните часови ќе бидат направени дополнителни ПЦР-тестови.

Според неофицијални информации, станува збор за Хјонг-Мин Сон, Лукаш Моура, Бен Дејвис, Брајан Хил, Емерсон и Кристијан Ромеро.

Тотенхем игра важен натпревар против Рен во Конференциската лига, кој е закажан за четврток во Лондон.

Според правилата на УЕФА, ако некој тим има на располагање 13 фудбалери, меѓу кои и голмани, мора да излезе на теренот, а доколку нема, тогаш натпреварот ќе биде одложен.