Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стивен Џерард се враќа на „Енфилд“ следниот викенд, но со желба неговата Астон вила да го совлада Ливерпул во 16. коло од Премиерлигата.
Легендарниот Џерард се враќа на местото на успехот, но овој пат како голем ривал затоа што е тренер на тимот од Бирмингем.
„Навистина ги почитувам сите коментари кои постојат поради натпреварот. Се враќам на стадион каде што минав многу години и се радувам на тоа. Но, во исто време сум задоволен што ќе имам шанса да се натпреварувам со добар тим, кој има одличен менаџер. Сите се возбудени, но јас морам да се подготвам на свој начин за најдобар можен резултат за Астон вила“, кажа Џерард.