Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Српскиот напаѓач од Реал Мадрид, Лука Јовиќ повторно е во центар на внимание, а голот и асистенцијата против Реал Сосиедад повторно го направија една од главните теми во Шпанија и Италија.
Причината е тоа што Јовиќ се поврзува со Милан. Седумкратниот европски шампион го сака српскиот напаѓач во свои редови од јануари и наскоро ќе почне да работи на тоа.
„Росонерите“ се надеваат дека ќе им помогнат нивните пријатели од Мадрид, откако претходно соработуваа за Тео Ернандез и Брахим Дијаз.
Од Милан сметаат дека Јовиќ е вистински напаѓач за тимот на Стефано Пиоли, па директорите Паоло Малдини и Фредерико Масара почнале преговори со менаџерот Фали Рамадани.