„Ел Матадор“ заминува, позната е листата со желби, Рангник ќе бира меѓу четири напаѓачи?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Едисон Кавани најверојатно ќе го напушти „Олд Трафорд“ во јануари, затоа што не добива шанса и до завршување на договорот му останаа шест месеци.

Во клубот размислуваат да го пуштат да замине за да спасат пари од договорот, иако тоа не е најважно. Клубот ќе се обиде да го продаде Кавани, а се појави и листа со желби на тренерот Ралф Рангник.

Првото име на листата со желби е Ерлинг Халанд, но тоа е трансфер за лето и ќе мора да се бори со градскиот ривал Манчестер сити.

Тимо Вернер не би имал ништо против да потпише за „ѓаволите“, иако тешко може да се верува дека Челси ќе се откаже од Германецот.

Жоао Феликс би чинел цело богатство, па Атлетико треба да размисли ако стигне понуда од 100 милиони евра, а последно име на листата е Осман Дембеле од Барселона.