Ериксен остана без клуб: Интер му го прекина договорот на данскиот фудбалер!


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен го прекина договорот со Интер, па сега како потенцијални дестинации за 29-годишниот играч се споменуваат Холандија, Англија и Данска.

Ериксен доживеа срцев удар на стартот на Европското првенство и со брза реакција на докторите му беше спасен животот.

На данскиот фудбалер му беше вграден дефибрилатор во болница и му е дозволено да игра фудбал, но не во Италија, каде што постои посебно правило.

Ериксен ја почна професионалната кариера во Ајакс за кој играше од 2010 до 2013 година, по што направи трансфер во Тотенхем, каде што настапуваше до минатата година, по што потпиша за Интер до 2024 година.