„Елмас вреди 70 милиони евра, не е време за нов договор со Наполи!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Менаџерот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, Џорџ Гарди во интервју за италијанските медиуми кажа дека немаат намера во моментов да го продолжат договорот со Наполи.

Елмас игра на врвно ниво сезонава под водство на тренерот Лучано Спалети, па неговата вредност се проценува на неверојатни 70 милиони евра.

„Ова е само почеток. Елиф има огромен потенцијал. Го процениле помеѓу 70 и 80 милиони евра? Според мене, толку вреди, нема многу играчи во Европа на негова возраст кои одиграле 100 меча за Наполи и 65 за репрезентација. Претходно тој влегуваше во финишот, играше само по 10-15 минути, а тоа не е лесно. Сега работите се менуваат, неговата самодоверба расте. Почна да дава клучни голови, ја подобри конкретноста пред противничките голови. Тој е модерен играч кој покрива голем дел од теренот. Не се водат разговори, Елиф има долг договор и нема размислување за продолжување на соработката“, вели неговиот менаџер.