„Марка“ со вештачка интелигенција избра стопери кои ќе му одговараат на Реал Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Познатиот шпански медиум „Марка“ објави листа од пет дефанзивци кои најмногу ќе му одговараат на Реал Мадрид, кој е лидер во шпанската Ла Лига.

Медиумот во соработка со една компанија која се занимава со вештачка интелигенција откри дека Реал најмногу бара стопери затоа што резервните Начо и Ваљехо се најслабо оценетите во тимот.

„Нашиот модел врши квалитетна анализа. Поради тоа не сметавме на традиционалните анализи кои покажуваат само фреквенција на акции, односно број на голови, одземени топки, додавања…“, соопштија од медиумот.

Во листата со дефанзивци кои се идеални за Реал се Џулс Кунде од Севиља, Маркос Сенеси од Феенорд, Пау Торес од Виљареал, Мануел Аканџи од Борусија Дортмунд и Свен Ботман од Лил.

Овие стопери ќе му бидат понудени на тренерот Карло Анчелоти, а биле тестирани повеќе од 2.400 фудбалери.