„Роналдо мора да прекине со кревање раце, на младите им треба голема поддршка“


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Манчестер јунајтед никако да влезе во добра форма, а завчера одигра реми против Њукасл и така направи чекор назад во борбата за топ-4 позициите во Премиерлигата.

Ниту новиот тренер Ралф Рангник засега не може да ги поправи работите, а голем број поранешни фудбалери во лигата сметаат дека причина за лошите резултати е однесувањето на Кристијано Роналдо.

Габриел Агбонлахор не е среќен поради реакциите на Роналдо по секоја грешка на помладите колеги и смета дека Португалецот само им ја намалува самодовербата со кревање раце.

„Ако сте Гринвуд, Рашфорд или Санчо и му додадете лошо на Роналдо, тој веднаш ќе крене раце и ќе се буни. Разбирам дека е еден од најдобрите, но не смее така да прави и мора да го разбере тоа. На помладите фудбалери им е потребна поддршка“, кажа поранешниот напаѓач на Астон вила.