Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид со пораз ја отвори 2022 година, откако загуби на гостувањето кај Хетафе со 0-1 во рамки на 19. коло од шпанската Ла Лига.
Единствениот гол на натпреварот беше постигна во деветтата минута од Енерс Унал, кој го матираше Куртоа по грешката на Милитао.
Со овој пораз „кралевите“ ја прекинаа серијата од 15 натпревари без неуспех, а тренерот Карло Анчелоти иронично кажа дека неговата екипа е уште на одмор.
„Екипата и тренерот останаа ден подолго на одмор. По примениот гол реагиравме добро само 10 минути. Потоа имаше нервоза и ја губевме топката и идејата. Им подаривме шанса, која ја искористија. Нема многу што да се зборува. Игравме како да сме на одмор“, кажа Анчелоти.
Реал Мадрид е прв на табелата, додека Хетафе со триумф против гигантот излезе од зоната за испаѓање.