Ибрахимовиќ и неговиот природен наследник од следната сезона во тандем во Јунајтед

    Манчестер Јунајтед може од наредната сезона да има во тимот напаѓачки тандем од Шведска.

    Освен Златан Ибрахимовиќ, во Јунајтед може да стигне и шведскиот „вундеркинд“ Јеспер Карлсон, млад фудбалер кој настапува за Фалкенберг.

    Се работи за суперталентиран напаѓач кој има само 18 години, а за него веќе се распрашуваа и останатите европски клубови.

    Но, управата на Манчестер Јунајтед во него гледа нов Златан Ибрахимовиќ, и би било убаво да се спојат споменатите двајца и да соработуваат барем некој период.

    Самиот Карлсон истакна дека е многу интересно што Јунајтед го сака, и дена смее ништо да зборува додека не е официјално.