Анчелоти откри до кога Модриќ има договор со Реал Мадрид

Лука Модриќ уште не се договорил за продолжување на договорот со Реал Мадрид, но тренерот на шпанскиот гигант Карло Анчелоти со голем комплимент даде до знаење каков е статусот на Хрватот.

Капитенот на хрватската репрезентација пред неколку месеци го продолжи договорот на една година и тогаш се согласи да земе 10 отсто помала плата.

Модриќ неодамна наполни 36 години, а сегашниот договор му завршува во јуни, што значи дека веќе може да почне преговори со нови тимови.

Меѓутоа, тој речиси сигурно ќе остане во Реал, а за тоа пишуваше и шпански „АС“ и тоа го потврди и Анчелоти.

„Модриќ уште не потпишал нов договор, но тој практично има доживотен договор со Реал Мадрид“, кажа Анчелоти.