Перез сака да украде талент на Барселона, но доби одговор со – девет нули!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека Флорентино Перез планира да му понуди астрономска понуда на Араухо за да ја одбие Барселона и да се пресели во Реал Мадрид.

Уругваецот стигна во Барселона во 2019 година како тинејџер, а сега е еден од најдобрите фудбалери во екипата, па сега чека понуда за нов договор.

Преговорите сака да ги расипе Перез, кој планира да му даде поголема плата на Араухо од каталонскиот гигант, но мала е веројатноста Уругваецот да ја напушти Барселона.

Планот на Барселона е веднаш по зимскиот преоден рок, кога ќе го ослободи буџетот за плати, да почне преговори со Араухо и Гави за нови договори.

Според досегашните најави, и двајцата размислуваат само да останат во тимот, односно да ја продолжат соработката со Барселона.

Араухо порача дека сака да добие понуда која ќе одговара со неговите настапи и игри, а Жоан Лапорта е свесен за тоа колку му е важен играчот во моментов.