Кјеза оди на тешка операција – ќе го пропушти мечот со Македонија!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот фудбалер Федерико Кјеза, кој го носи дресот на Јувентус, ќе отсуствува од фудбалските терени во следните седум месеци поради операција на лигаментите на левото колено.

Поранешниот италијански шампион објави дека Кјеза денеска ќе има операција на лигаментите, откако се повреди на 9 јануари против Рома, а уште следниот ден во тимот беа свесни дека сезоната за италијанскиот репрезентативец е завршена.

Капитенот на „Старата дама“, Џорџо Кјелини кажа дека отсуството на Кјеза е тежок удар за екипата, но и за целиот италијански фудбалер бидејќи неговата репрезентација игра бараж за пласман на Светско првенство, а првиот дуел им е на 24 март против Македонија.

„Повредите се дел од кариерата на секој фудбалер. Тоа што е различно е желбата да станете повторно. Те чекаме Кјеза“, кажа Кјелини.