Куртоа најслаб голман во Премиер лигата


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Голманот на Челси Тибо Куртоа со години беше еден од најдобрите чувари на мрежата во Европа, во во оваа сезона не е на очекувано ниво.

    Имено, поразно делува податокот дека Билгиецот моментално има најслаб процент на одбрани во цела Премиер лига.

    Челси во последно време прима најмалку по два погодоци по натпревар, а Куртоа во оваа сезона успева да запре дури 47, 1 шутеви на противникот кон неговиот гол.

    Екипата од Лондон во шест мечеви во шампионатот прими девет гола, а во последните три натпревари во лигата мрежата им се тресеше седум пати (Свонси 2, Ливерпул  2, Арсенал 3).

    На врвот на листата на голмани со најголем процент на одбрани се Уго Лорис од Тотенхем и Клауидо Браво од Манчестер Сити со 77.8 % успешни интервенции.

    Челси во сабота од 16 часот гостува кај Хал.