Навивач на Лестер ги нападна фудбалерите на Нотингем и не си помина најдобро 🎥


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Нотингем Форест го елиминираше Лестер сити со 4-1 од ФА-купот, а натпреварот остана во сенка на инцидентот кој се случи кога еден навивач на „лисиците“ втрча на теренот за да се тепа со противниците.

Навивачот му избега на обезбедувањето, по што тргна да ги удира фудбалерите, но си го доби подебелиот крај затоа што тие му возвратија, а потоа реагираа и стјуардите, кои го треснаа на земја.