Барселона го растура европскиот шампион: Тројца фудбалери на Челси се селат на „Камп Ноу“

Барселона почна да ги решава финансиските проблеми со кои се соочува, па наскоро се очекува клубот да потпише уште неколку спонзорски договори за да се намали долгот и да му се овозможи на тренерот Чави Ернандез да ангажира нови засилувања.

По потпишаниот договор со „Спотифај“ почнаа шпекулациите дека Барселона на лето ќе ангажира неколку фудбалери, а тројца треба да пристигнат од актуелниот европски шампион Челси.

Каталонски „Спорт“ објави дека Барселона почнала преговори со тројца фудбалери на Челси, а тоа се Цезар Аспиликуета, Андреас Кристенсен и Антонио Рудигер, кои имаат договори до крајот на сезоната со премиерлигашот.

Рудигер не сака да го продолжи договорот затоа што побара поголема плата, а останатите двајца во моментов не водат други преговори со Челси.