Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Едно од најдобрите засилувања на Тотенхем од 2020 година, Серхио Регилон наскоро би можел да се врати во неговиот поранешен тим, Реал Мадрид.
Откако не доби минутажа во Мадрид, дефанзивецот беше испратен на позајмица во Севиља на стартот на 2019/20 година, а Шпанецот запиша три гола и пет асистенции на 38 настапи.
Овие импресивни настапи му овозможија трансфер во Премиерлигата, односно во екипата на Тотенхем, па тој досега одигра 60 меча за лондонскиот тим и притоа запиша еден гол и девет асистенции.
Меѓутоа шпанските медиуми пишуваат дека Регилон наскоро би можел да се врати во Реал Мадрид, и тоа по барање на тренерот Карло Анчелоти.
Доколку Реал Мадрид сака да го откупи Регилон од Тотенхем ќе мора да потроши многу пари, односно околу 43 милиони фунти.