„Ако парите ми беа најважни, ќе потпишев за Јувентус или Челси!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот белгиски репрезентативец и фудбалер на Интер, Раџа Наинголан кажа дека имал богати понуди од Јувентус и Челси, но решил да ги одбие затоа што парите не му биле приоритет.

Белгиецот играше за Каљари, Рома и Интер на Апенините, по што се раздели од „нераѕурите“ и се врати во татковината, каде што го облече дресот на Антверп.

„Парите не ми се важни. Ако мислев на нив, ќе имав поразлична кариера. По Каљари ќе направев трансфер во Јувентус, кој ме сакаше кога бев во Рома, а интерес за мене покажа и Челси“, кажа Наинголан.

Ѕвездата на Рома во Серија А одигра 367 натпревари, при што постигна 48 голови и запиша 35 асистенции.