Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиските медиуми пишуваат дека криза го „тресе“ Манчестер јунајтед, а Кристијано Роналдо се споменува како еден од виновниците на целата ситуација затоа што не е во добри односи со Хари Мегваер.
Капитенот на „црвените ѓаволи“ е во лоши односи со Роналдо по доаѓањето на Португалецот во клубот, а „Дејли Мејл“ пишува дека се скарале за капитенската лента.
Мегваер нема намера да ја предаде, иако игра лошо на теренот, додека Роналдо тврди дека таа му создава само дополнителен притисок и сака да му ја одземе.
Привремениот тренер Ралф Рангник е од страната на Роналдо затоа што во него гледал ментор за младите напаѓачи на екипата, како што се Џејдон Санчо и Маркус Рашфорд.
„Војната“ во Манчестер се случува во време кога екипата се бори да обезбеди пласман во Лигата на шампиони (ЛШ) за следната сезона.