Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голема бура предизвика интервјуто на најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ кој зборуваше за британски „Би-би-си“.
„Тајмс“ откри дека луѓето од врвот на медиумската куќа се испокарале поради интервјуто. Дел од раководството се побунило поради тоа што Србинот добил голем простор за промоција на неговите ставови против вакцината.
Ѓоковиќ во разговор со медиумот кажа дека не планира да се вакцинира и ќе ја жртвува дури и кариерата и трофеите ако не може да настапи без вакцина.
„’Би-би-си’ го бранеше своето интервју со Ѓоковиќ по интерната расправа за која моќна ПР-агенција смислила ексклузивен пристап до тениската ѕвезда. Високо позиционирани луѓе во медиумот беа лути поради интервјуто на Раџан, зашто сметаат дека му се дава голема важност на Србинот“, пишува „Тајмс“.