Конте: Премногу сум чесен за да заработувам плата на ваков начин!

Екипата на Тотенхем постојано ги менува тренерите, но никој по Маурицио Покетино не може да направи сериозен резултат.

Раководството на тимот ги ангажираше Жозе Мурињо и Нуно Еспирито Санто, но и двајцата добија откази, а сега стигна Антонио Конте.

Конте сака разговор со раководството на тимот по поразот од Барнли и нема да биде изненадување ако ја напушти тренерската позиција.

„Морам да разговарам со тимот. Премногу сум чесен за да продолжиме вака, а јас да земам плата. Сакам да преземам одговорност. Подготвен сум на секоја одлука затоа што сакам да му помогнам на клубот. Четири порази во последните пет натпревари е нешто што ми се случува за првпат во животот. Ова е неприфатливо“, вели Конте.