Кличко со својот брат излезе на фронт за да се бори против Русија!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот боксер Витали Кличко кој е градоначалник на Киев соопшти дека ќе се приклучи на украинската армија во битката против Русија.

Русија влезе во главниот град на Украина, а од утрово на социјалните мрежи може да се забележат многу фотографии и видеа од инцидентите.

„Немам друг избор. Одам на фронт. Верувам во Украина, верувам во оваа држава и народ. Украинците се силен народ кој ќе остане верен на себе во оваа страшна битка. Ние живееме за суверенитет и мир, Русите ги сметаме за братски народ“, кажа Кличко.

На останатите војници ќе им се приклучи и неговиот брат Владимир, кој од претходно се пријави дека ќе учествува доколку има воен конфликт со Русија.