Барселона се премисли: Чави не сака да се раздели со Дембеле!

Новинарот Алфредо Мартинез објави во една емисија дека Осман Дембеле ќе добие нова шанса во Барселона, па наскоро се очекуваат преговори меѓу францускиот фудбалер и претседателот на клубот Жоан Лапорта.

Лапорта тоа го потврди во текот на денешниот ден за медиумите и кажа дека се расположени за преговори.

„Отворени сме за преговори. Дембеле ја знае нашата понуда и желба да остане во тимот. Се надеваме дека до крајот на сезоната ќе размисли уште еднаш за својата одлука“, вели Лапорта.

Тренерот Чави Ернандез е изненаден од Дембеле, кој првпат покажа дека припаѓа во каталонскиот гигант, откако претходно имаше лош период во Барселона.

Дембеле се покажа и во мечот против Атлетик Билбао, кога постигна гол и асистираше за уште два за 23 минути.