Во брак е со Русинка, а замина да ја брани Украина: За неа ова беше предавство!

Украинскиот тенисер Сергеј Страховски реши да се приклучи на армијата за да ја брани татковината од руската инвазија.

Многу украински спортисти решија да земат пушка во раце и да заминат во одбрана на татковината од руската војска, а тој на Инстаграм пред неколку дена ја потврди информацијата дека ќе облече воена униформа.

За него немаше дилеми дали ќе ја брани Украина, па застана за својот народ, а откри и дека неодамна порака му испратил Новак Ѓоковиќ.

Интересно е тоа што украинскиот тенисер е во брак со Анфиса Булгакова од Русија веќе неколку години и призна дека неговата сопруга му се налутила затоа што се приклучил на војската.

Стаховски им откри на медиумите дека сопругата не реагирала најдобро затоа што оди во војна и дека за неа тоа било предавство.