Фудбалска Македонија во тага: Почина Марио Ѓурчиновски


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонската спортска и фудбалска јавност со тага ја прими веста за ненадејната смрт на Марио Ѓурчиновски, долгогодишен фудбалски работник вработен во Фудбалската федерација на Македонија.

Ѓурчиновски ја извршуваше функцијата координатор за едукација на тренери во ФФМ.

Тој почина на 47-годишна возраст, а ФФМ на емотивен начин се прости од него.